Услови на употреба

Политика за приватност – заштита на лични податоци

Заштитата и сигурноста на вашите лични податоци се една од приоритетните задачи на ОгласникД.мк .Ние посветуваме особено внимание на правото на приватноста и заштитата на личните податоци на нашите корисници.

Податоците кои ги собираме, се чуваат кај нас во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Тие податоци се: 
   – Име и Презиме
   – E-маил адреса
   – Телефон за контакт
   – Локација
   – Податоци на огласот
   – ИП адреса 

За подетални информации посетете ја веб страницата на дирекцијата за заштита на лични податоци на Р.Македонија dzlp.mk.

Вашите лични податоци се користат исклучиво за овозможување на нашите услуги и подобрување на истите. Личните податоци нема да бидат откриени без ваша согласност на трети лица. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши врз основа на Ваша претходна писмена согласност. Од наша страна се користат соодветни технички безбедносни мерки за да ги заштитиме Вашите податоци доставени до нас. Нашите безбедносни мерки постојано се унапредуваат во согласност со технолошкиот развој,но сепак не може во целост да се гарантира дека безбедносните мерки ќе спречат трети лица од нелегална употреба на истите.Од тие причини доколку имате сознанија за такво нешто,Ве молиме веднаш да не известите како би можеле соодветно да реагираме.

Во секој момент Вие може да извршите промена, ажурирање, корекција или целосно отстранување на Вашите лични податоци и информации,со соодветно барање доставено до нашата компанија.

Плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол.

Од безбедносни причини вашата IP адреса ќе се евидентира во нашиот систем. Во случај на измама или злоупотреба истата IP адреса ќе биде доставена до надлежните органи. Секако ОгласникД.мк исто така во истражна постапка најтесно соработува со властите.

Согласно Законот за заштита на лични податоци, овие информации ќе бидат архивирани во нашата компанија во рок не подолг од една година по завршување на рокот на траење на Вашиот кориснички профил,по кое нешто истите ќе бидат избришани.

Пред истекот на овој рок , податоците можат да бидат избришани,врз основа на ваше писмено барање,со тоа што сите евентуално одговорности поради тоа ќе паднат на Ваш товар,односно нашата компанија нема да ги сноси последиците кои евентуално можат да произлезат од Вашето барање.

Со поднесување на вашите податоци за употреба, вие се согласувате за ваквото складирање на податоци и трансфер на истите према трети лица, по ваше барање. При тоа се превземаат сите соодветни мерки со цел обезбедување и заштита на вашите лични податоци во согласност со законските прописи.

Податоците ќе бидат складирани на посебни безбедносни сервери и истите ќе бидат соодветно криптирани за поголема безбедност.

При тоа напоменуваме дека електронските преноси на информации не се целосно безбедни и не можеме да гарантираме целосна заштита и безбедност на истите. Нашата компанија гарантира дека ќе ги превземе сите неопходни мерки за заштита на податоците кои ги добиваме по електронски пат.

 

Регистрација

ОгласникД.мк им нуди на своите корисници он-лајн услуга. За користење на услугите на ОгласникД.мк е потребна регистрација,а за секоја платена услуга корисникот е информиран за содржината како и за цените и условите за плаќање. Услугата на ОгласникД.мк е во оперативна должност непрекинато седум дена во неделата со 90% расположливост во текот на годината. Од ова се изземени случаите на испад поради одржување и надградба на софтверот, како и времето кога услугата не е достапна на интернет поради технички или други проблеми кои не се под влијание на ОгласникД.мк (виша сила, трети лица и сл.). Во случај Вашиот профил да биде избришен поради проблеми од техничка природа, враќањето на парите нема да биде можно.

За користење на сервисот ОгласникД.мк во целост, клиентот мора да ги користи најновите пребарувачки технологии или да го овозможи нивното функционирање на својот компјутер (на пр. активирање на Java Skript, Cookies, Pop-ups). Доколку се користат постари технологии или технологии кои не се во општа употреба, можно е да се случи клиентот да може само ограничено да ги користи услугите на ОгласникД.мк, за што одговорноста е исклучиво на Ваша страна.

 

Верификацијата на профилот е задолжителна

Поради безбедности причини Верификација на профилот е задолжителна.

Ве молиме верифицирајте го вашиот профил.

Сите не-верифицирани профили ќе бидат избришани.

Од страна на нашата компанија во согласност со законот за заштита на лични податоци , ќе бидат применети сите технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци , нивно случајно губење, преправање, неовластено откривање или пристап. Истовремено предупредуваме на можноста од злоупотреба на вашите податоци од страна на трети неовластени лица , кои до истите дошле на незаконит начин, заради што бараме веднаш да бидеме информирани за тоа. Во спротивно сите ризици од злоупотреба паѓаат на ваш товар.

Во случај на потреба од било каков трансфер на ваквите податоци преку телекомуникациска мрежа или во друга форма истите ќе бидат заштитени со соодветна метода, така што нема да бидат читливи при преносот. Методите на заштита ќе бидат избрани од страна на нашата компанија.

 

Политика на колачиња (Cookies)

Со цел да ја направиме ОгласникД.мк полесна и подостапна за употреба, ние користиме cookies. Колачиња (Cookies) се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на Вашиот компјутер од страна на веб-серверот. Нашиот веб-сајт користи колачиња (Cookies) за оптимизирање на нашите услуги, за да може системот да функционира правилно и да го подобри користење на платформата. Оваа информација е анонимна и не содржи лични податоци. ОгласникД.мк не собира никакви податоци од овие колачиња. Колачињата се поделени според нивната функција: задолжителни колачиња, за перформанси, за функционалност, за рекламирање и за сесиија.

Скоро сите веб пребарувачи се поставени така да примаат автоматски cookies, но ако не сакате да ги користите,тоа може да го сторите со промена на прилагодувањата на веб пребарувачот на компјутерот или мобилниот уред и истите да ги исклучите или да ги избришете.

Ве молиме имајте во предвид дека ако ги исклучите колачиња нема да може да користите некои од функциите.

 

Сопствена одговорност за содржината

Корисниците се обврзуваат да даваат исклучиво вистинити податоци во внесениот оглас. ОгласникД.мк го задржува правото за промена, дополнување или бришење на било кој дел од страницата или на целата понуда без претходно известување, како и за времено или трајно запирање на објавата. Одговорноста за содржината на огласите, сликите, видео-клиповите, профилите или другите прилози лежи исклучиво кај авторите. Реклама5 не гарантира постојана достапност на веб страницата. Огласите на Реклама5 потекнуваат од корисниците и фирмите. Укажуваме на тоа дека Реклама5 не дава гаранција за квалитетот, целосноста, сигурноста или легалноста на огласите, како и за комуникацијата на корисниците.

Во согласност со чл.14, 15, 17 и 17 од Законот за лични податоци ,по Ваше барање должни сме да ги дополнеме , измениме , избришеме или да го сопреме користењето на Вашите лични податоци во случај на нивна нецелоснот неточност, неажурираност и доколку нивната обработка не е во согласност со одредбите на законот. Ваквата должност е и Ваше право во случај доколку се констатира некаков пропуст на податоците од наша страна , за што ќе бидете навремено уредно известени.

Доколку Вашите податоци би можело да се употребат за рекламен материјал и слично , за истото претходно писмено ќе побараме Ваша согласност , а крајно за истото имате право веднаш да не известите за Вашето барање податоците да не бидат користени за такви цели.

Не е дозволено преку други корисници да се собираат лични информации како е-мејл адреси,телефонски броеви, или истите да се добиваат на било каков начин без согласност од корисниците. Исто така не е дозволено да се копираат, менуваат или прошируваат содржини на туѓи огласи.доколку забележите било каква злоупотреба,Вемолиме веднаш да не известите,како би можеле да превземеме соодветни дејства.

 

Недопуштени содржини

Oсобено е недопуштиво да се даваат огласи како понуда, побарувачка или настан на Реклама5 (текст или слики) со следнава содржина:

Рекламирање на други интернет страници и фирми, особено веб страници за мали огласи, продавници за е-трговија, аукции на интернет

Очигледно несериозни и недоволно опишани понуди за работа.

Натпревари, обложувања од секаков вид, вклучително и лото и други игри на среќа.

Кредити, заеми и финансиска поддршка без целосен податок за домашната адреса на кредитната институција.

Инвестиции, хартии од вредност, особено акции.

Платени телефонски броеви како и СМС услуги.

Навредливи, нападни или дискриминирачки изрази.

Расистички, клеветнички, насилни или противуставни содржини.

Нелегални огласи, кои го загрозуваат или повредуваат правото или здравјето на трета страна.

Порнографија, вклучително порнографски и опасни за младината списи и предмети.

Понуди за проституција.

Контакт огласи во име на трета страна.

Наплатливи телефонски услуги или упатување на комерцијални еротски страници.

Листи, папки или сл. Кои ја содржат адресата на производителот, трговецот или снабдувачот.

Огласи на странски јазик без Македонски превод.

Огласи кои не се во рамките нa правилата на Реклама5 и огласи кои не се не во рамките во согласност со законски прописи во Македонија нема да бидат објавени.

 

Недопуштени предмети

Недопуштени предмети како за понуда, така и за побарувачка се:

Украдени, фалсификувани или неодобрено копирани предмети од било каков вид, тука се вбројуваат и пиратериски продукти.

Лекови кои се издаваат на рецепт, фалсификувани лекови или лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани.

Дроги и стимуланти во рамките на законските прописи во РМ.

Радиоактивни супстанци, отрови, пиротехнички производи, експлозиви, како и други хемикалии штетни по здравјето.

Човечки органи, крв и други телесни течности, како и носена долна облека.

Оружје во поглед на законот на оружје, особено огнено оружје и оружје за сечење и прободување од било кој вид, како и муниција.

Службени униформи и пасоши од безбедносни области.

Продукти со ознаки на противуставни организации.

 

Без двојно прикажување на огласите

Огласот се дава само еднаш и само на локацијата на понудата или побарувачката. Вашиот оглас се појавува на одбраната локација и рубрика и може да се најде преку едно регионално и национално пребарување или пребарување низ Македонија. Повеќекратно давање оглас со идентична содржина – вклучително и во различни региони и рубрики – не е дозволено.

Овие правила важат исто така и за огласи, кои се разликуваат преку слики и формулации, но кои содржински се идентични.

Исто така и надрегионалните услуги не смеат повеќекратно да бидат понудени. Огласи со повеќекратни прилози и слична содржина нема да бидат толерирани и веднаш ќе бидат избришани.

 

Линкови до други веб сајтови

На веб сајтот ОгласникД.мк може да се најдат линкови до други веб сајтови кои не се наша сопственост.

Ако корисникот ги посети таквите страници на овој веб-сајт ,треба да се почитува прописите кои се применуваат за заштита на податоци и други упатства.

ОгласникД.мк не превзема одговорност за стандардот на заштита на податоци и обработка на лични податоци на други компании.

Сите линкови имаат свои политики на приватност со кои се согласувате во момент кога ќе кликнете на линкот. Во таков случај нашата компанија не е одговорна , нити пак превзема одговорност за заштитата на вашите податоци , доколку одберете истите да ги пренесете на третите субјекти. Нашата одговорност се однесува за податоците кои ги оставате на нашата веб страна, но не и за линкови на трети субјекти врз кои немаме контрола.

 

Спам, измама, злоупотреба

Реклама5 не толерира спамови (Масовно создавање на содржински идентични прилози (теми) и/или одговори),што значи не е дозволено објавување на исти прилози во повеќе категории. Ако сте вознемирени од спамовите, не се двоумете да не контактирате

 

Совети за заштита на лозинката

Ве молиме применувајте ги следниве мерки на претпазливост:

Чувајте ја Вашата лозинка во тајност и не ја делете со другите.

Избегнувајте употреба на истата лозинка која ја користите и за други веб страници. Ако имате впечаток дека неовластено лице ја открило Вашата лозинка, веднаш променете ја лозинката и за тоа известете ги ОгласникД.мк.

Вашата е-пошта нема да биде прикажана. Наместо тоа, потенцијалниот клиент може да Ви напише преку контакт-формулар или во детален случај преку е-пошта.

 

Старосна граница

За да можете да ја користите оваа страница морате да имате наполнето 18 години. Членови под 18 години на ОгласникД.мк не се прифаќаат.

 

Престанок, суспензија

ОгласникД.мк го задржува правото да ја прекине или суспендира регистрацијата на корисникот на ОгласникД.мк во секое време, без писмено соопштение, ако истиот, според мислењето на ОгласникД.мк , не тргувал во согласност со условите на користење. Во случај на прекин на регистрацијата, ОгласникД.мк  ќе го избрише евентуално креираниот профил на корисникот,а неговите податоци ќе се чуваат во предвидениот рок.

 

Отстранување на содржини

ОгласникД.мк го задржува правото да ги промени, помести, преработи или избрише огласите и записите на ОгласникД.мк. ОгласникД.мк експлицитно го задржува правото, во секое време да менува, надополнува или брише делови на веб страната или целата објава без претходна најава, или објавувањето времено или трајно да го запре.

 

Промени во Политиката за приватност

Имајте предвид дека политиката за приватност и условите на употреба на ОгласникД.мк можат во секое време да бидат променети и актуализирани. Актуелната верзија секогаш ќе ја најдете овде кај услови на употреба на ОгласникД.мк.

Со користење на услугите, Вие се согласувате на наведените услови.